„Сите трчаа и газеа врз мене, сестра ми не можеме да ја најдеме“, вели Марија Тасева, 20-годишна девојка која е повредена во пожарот во дискотеката во Кочани. Таа сведочи дека во моментот кога избил пожарот, настанал голем метеж, а таа бегајќи надвор, паднала на земја.
– Сите почнаа да трчаат надвор. Сите гледаа да се спасат. Сестра ми е изгубена. Не можеме да ја најдеме во никоја болница. Сега чекаме тука резултати дали ќе ја најдеме, ако не, на крај во Скопје. Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене, едноставно бев на земја со образот, изјави Тасева.
Нејзиниот татко вели дека немаат информација за втората ќерка која има 25 години.