Иако модерната воена опрема може да се чини како голема предност за талибанците, во пракса не е баш така бидејќи првин мора да научат како да ја користат. Еден од примерите е американскиот хеликоптер Blackhawk со кој талибанците се обида да летаат на аеродром во Кандахар, но тоа не им успеа.
Според пишувањето на Guardian, талибанците заплениле повеќе од 100 воени транспортни Mi-17 хеликоптери од руско производство кои американските сили ги отстапија на авганистанската војска.
Хеликоптерите сега се во сопственост на талибанците, но тие не знаат да ги користат ниту имаат пристап до резервни делови и техничари за да ги одржуваат.
Засега не е познато колку од хеликоптерите се во оперативна состојба.