Според податоците од болниците во Сулана, повредени се 35, а три лица, вклучувајќи и бремена жена, се потешко повредени во рушење на објект, додека уште 10 други се здобиле со скршеници, пренесуваат локалните медиуми.

Шест лица биле повредени и во регионалната престолнина Пиури, а претседателот Педро Кастиљо ја напуштил воената парада во Лима по повод одбележувањето на 200 години од Декларацијата за независност и отпатувал во овој град, соопштиле од неговиот кабинет.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,1 бил на длабочина од 36 километри во близина на градот Сулана, соопштил Сеиозмолошкиот центар на Перу.

Агенцијата за цивилна одбрана известила дека во земјотресот биле оштетени 187 куќи, од кои шест повеќе не се употребливи за живеење, а потресите се почувствувале во поголем дел од регионот, како и во соседен Еквадор.

Перу се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, со околу 128 активни вулкани, каде се случуваат најсилните сеизмички активности на светот, а во просек секоја година има дури 200 помали потреси.