Пожар избувна денеска кај кавадаречко Шивец, постои опасност за селото, надлежните се надеваат дека ќе се справат но теренот бил тежок.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, изјави дека постои опасност за селото но, како што рече, се надева дека ќе се справат со него со правилна тактика со поставување на луѓе на патот. Додаде дека но теренот е исклучително тежок, карпест.
– Пожарот почнал од сртот на ридот и се спуштал кон долот. Горат сува трева и трња но ако продолжи со ова темпо, пожарот ќе се спушти во долот многу брзо. Од другата страна на долот има црква а во самиот двор има многу високи дрвја, што нема да биде можно да се изгаснат. Веднаш после долот има еден пат на кој ќе се обидеме да распоредиме жива сила, кавадаречки пожарникари, кои веќе се исцрпени и гасат на неколку места. Побаравме поддршка и од полицијата и од локалното население, изјави Ангелов во видео изјава.
Тој посочи дека полицијата и градоначалникот Митко Јанчев се на лице мето.
-За жал не е само овој пожар, уште еден беснее, на граница помеѓу оваа општина и Росоман, кај селото Сирково. Врз него овој момент не е возможно да се воспостави контрола, додадае Ангелов.