Голем пожар избувна во село Неготино, Тетовско, при што целосно изгореа два магацински објекти, а еден е делумно оштетен. Пожарот избувнал ноќеска околу 00:45 часот, а пожарникарските екипи од Тетово и Гостивар со повеќе возила се бореле со огнената стихија до раните утрински часови.

Повреден пожарникар при интервенцијата

При гаснењето на пожарот, еден пожарникар паднал од скали и се здобил со повреди, по што бил пренесен во Ургентниот центар во Клиничката болница во Гостивар.

Интервенција на тетовските и гостиварските пожарникари

На терен дејствувале 9 пожарникари и 3 противпожарни возила од ТППЕ Тетово, а подоцна пристигнала и помош од ТППЕ Гостивар со 4 пожарникари и едно возило, кои останале на терен до 04:00 часот.

  • „Од страна на ТППЕ Гостивар побарана е и добиена помош од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 ПП возило кои интервенирале до 04:00 часот“, соопшти Центарот за управување со кризи.

Пожарот бил локализиран во 05:30 часот, но на терен сè уште има жаришта и чад, па пожарникарите остануваат на местото за да спречат можна реактивирање на огнот.

magacin

Причините за пожарот засега не се познати, а истрагата треба да утврди како дошло до избувнувањето на пламенот.