Пожар во близина на Тутунскиот комбинат

Попладнево избувна пожар во автомеханичарска работилница во близина на Тутунски комбинат, при што над објектите се издигна густ чад, видлив од повеќе делови на градот.

Според првичните информации, огнот зафатил дел од работилницата и материјали во кругот на комбинатот, што предизвика вознемиреност кај жителите од околината. На местото на настанот брзо интервенираа екипите на противпожарната служба, кои за кратко време успеаја да го локализираат и целосно да го изгаснат пожарот, спречувајќи негово понатамошно ширење. Погледнте го видеото од 24инфо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 info (@24info.mk)

Нема информации за повредени лица

На терен беа присутни и полициски екипи, возила на ЕВН, како и екипа на Итната медицинска помош, како превентивна мерка. Засега нема информации за повредени лица, а надлежните служби работат на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.