Лидија Вукиќевиќ беше полиена со јогурт на скалите пред главниот влез во српското Собрание, каде што денеска е закажана конститутивната седница на новиот парламентарен состав, пренесува РТС, повикувајќи се на агенцијата Бета.
Според извештајот, еден од присутните ѝ истурил јогурт врз косата додека пристигнувала во парламентот. Собраните граѓани со свирежи пречекале дел од кандидатите за пратеници од листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, меѓу кои Вукиќевиќ и Арно Гујон.
https://t.co/Up6G7d6HRW
— nista od saradnje (@rekapitulacija) November 17, 2026
„Се чувствувам ужасно бидејќи бев нападната од Срби. Јас ѝ се посветив на мојата земја и на мојот народ, а сепак дојдовме до точка каде што вакво нешто се случува пред Народното собрание“, рече Вукиќевиќ.
Таа напомена дека, и покрај вербалните навреди, им се насмевнала на присутните и ги поздравила.
„Тие имаат право на поинакво мислење, но вакво ниво на примитивизам и вулгарност…“ прокоментира таа.
Според неа, собраните луѓе почнале да ја влечат и да ја кубат за коса, пред да ја полијат со јогурт.
„Ова е неприфатливо. Тие се слаби како поединци, но многу силни кога се во група. Никогаш нема да се согласам со она што го прават и никогаш нема да се плашам од нив. Нека ме полијат и со 30 литри јогурт, баш ми е гајле – нека прават што сакаат“, изјави таа, објави Танјуг.
Вукиќевиќ упати критики и кон полицијата, тврдејќи дека не интервенирала.
„Каде оди оваа земја ако еден пратеник не е безбеден? Ниту еден полицаец не реагираше. Срам да ви е“, рече таа
