Прекрасни вести од Скопската зоолошка градина. По 42 дена трпеливо чекање, ЗОО Скопје доби ново бебе пингвин од загрозениот вид Хамболт пингвини.

„Горди родители повторно се Лила и Џонатан. И овојпат, таткото Џонатан ја презеде главната улога, внимателно го инкубираше јајцето и постојано го штитеше гнездото, додека Лила повеќе време поминуваше во базен“, велат од Скопската зоолошка во објавата на Фејсбук.

Од таму објаснуваат дека оваа поделба на грижа е природна за видот и е клучна за успешно изведување на младенчињата.

„Хамболт пингвините се загрозен вид во дивината, па секое успешно изведено младенче има големо конзервациско значење. Со континуирани успеси во размножувањето, ЗОО Скопје се издвојува како најуспешна зоолошка градина во регионот во одгледувањето на овој редок вид кој потекнува од Аргентина и Чиле“, посочија од ЗОО Скопје.