Македонскиот претседател ќе лета заедно со авионот на својот бугарски колега.
– Чествувајќи го делото на Светите браќа Кирил и Методиј, заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев ќе положиме цвеќе пред спомен плочата во базиликата „Санта Марија Маџоре“, најави претходно Пендаровски.
Во Ватикан е предвидена аудиенција кај папата Франциск, а ќе се оддаде и почит пред моштите на Св. Кирил во базиликата ,,Свети Климент”. Во Рим, Пендаровски ќе се сретне и со италијанскиот претседател Матарела.
Средбата на Пендаровски со Радев претстои во период кога во јуни ќе се одлучува за датумот за преговори на Македонија и Албанија со ЕУ. Радев во своите последни изјави звучеше оптимистички и остави простор Србија да ја тргне блокадата за Скопје.