Пристигнаа коњаниците во Ѓорче Петровод традиционалниот поход „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ со свечено развеани знамиња и македонска песна
Се развеаја знамињата, ечи македонска песна. Коњаниците пристигнаа во скопско Ѓорче Петров, каде започна маршот на коњаниците во Ѓорче Петров „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“.
Традиционалниот хепенинг ќе се оддржи во паркот во Ѓорче Петров во 18:30 часот. Каде со пригодни обраќања за подршка на современите Илинденци ќе настапат организаторите, пратеници и градоначалници. Предвидена е и соодветна музичка програма и настап на македонски фолклорни друштва, пејачи и ди-џеи.
Маршот на коњаниците во Ѓорче Петров се одвива традиционално по 16-ти пат, прв пат се одржа 2010 година како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато.
Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ ја сочинуваат коњаници од Гостиварско, Скопје, „Илинден“ с. Радово-Струмица, „Костурска чета“ – Битола, коњаници од Крушево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево и Штип.
2025 година, по 16-ти пат, маршот на коњаниците во Ѓорче Петров тргнува кон Крушево, светилникот на македонскиот непокор, каде на 2 август 2025 година во рамките на свеченостите на Мечкин Камен по повод „10 дена Крушевска Република“ ќе оддадат должна почит на македонските херои паднати за слободата на Македонија.