Приватните превозници утрово излегоа на протест на „Илинденска“ и делумно го блокираа сообраќајот во главниот град. На оваа тема разговаравме и на нашата утринска емисија заедно со Ленин Јовановски, директорот на „Слобода превоз“. Целата емисија може да ја погледнете ТУКА.

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“. Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски најави дека околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред објектите на Град Скопје.

Тој додаде дека ако нема резултат и после денешниот ден, 200 автобуси од понеделник ќе ги блокираат крстносницата кај ТЦ „Мавровка“, кај зградата на Црвен Крст и булеварот „Илинден“.

Причина за блокадите е што приватните превозници не постигнале договор со Град Скопје и ЈСП за исплата на долгот.

„Нервозата расте, загрижени се, ги пратат изјавите и состојбата е многу напната, затоа апелираме до сите институции, дури и државните, да се вклучат како медијатори во решавање на овој проблем, со цел оваа ситуација да не ескалира“,

апелираше Јовановски.

На утринската емисија на Радио Лидер беа изнесени многу интересни и нови факти за пошироката јавност. Изгледајте ја емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ и бидете во тек со актуелните информации!