Прилеп го има еден од најнеспособните градоначалници во Република Македонија и најлошата локална власт. Илија Јованоски досега на прилепчани им понуди само лажни ветувања и катастрофален процент на реализирани проекти, истакна Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Иако списокот на ветени проекти е долг, во оваа пригода потсетуваме на најважните нереализирани а ветени проекти, за кои прилепчани секојдневно сведочат.

Нема ништо од ветената гасификација на Општина Прилеп, од гасификацијата на училиштата и градинките, а ниту од изградбата на нови обиколници околу градот. Нема ништо ниту од изградбата на Здравствено спортско-рекреативниот центар со затворен базен, за кој во предизборието Илија Јованоски држеше прес конференции и ги лажеше прилепчани.

Ги нема ни ветените подземни контејнери во централното градско подрачје, го нема проектот за реставрација на старата чаршија, исчезна и изградбата на Музеј Градска куќа.И по 4 години нема нов театар, го нема ни ветениот КОМЕРЦИЈАЛЕН ОБЈЕКТ –СИТИ ЦЕНТАР.Нема ниту нови паркови, ниту нови детски игралишта. Дури и постоечките, изградени од ВМРО-ДПМНЕ се оставени на забот на времето. Заборавени се и проектите за населените места.Илија Јованоски и локалната власт ги интересираат тендерите и скапо платените проекти, изјави Проданоски.

4 години лага до лага! Ниту реализираа проекти, ниту го подобрија животот на Прилепчани! Ќе остане запаметено во историјата на Прилеп лошото работење на Илија Јованоски. Време е СДСМ да биде казнета од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ има визија и стратегија за развојот на Прилеп. Граѓаните ќе го увидат тоа и на претстојните локални избори ќе ја поддржат нашата програма, подвлекува тој во Коментар на денот.