Проектот „Skopje Technology Park” сè уште чека да биде прифатен од страна на институциите во Македонија. Станува збор за инвестиција помеѓу 170 и 240 милиони евра, со потенцијал да придонесува со 1.6 милијарди евра годишно во бруто домашниот производ на земјава.
Зад овој проект кој содржи филмски, музички и мултимедијални студија под името Стонбриџ, застанаа познатите американски актери Д.В.Мофет, Мат Дилон и Џон Малкович. Тие јавно го поддржаа овој проект.
Покрај овие две холивудски имиња, зад овој проект стојат и видни имиња од американскиот бизнис и американската политика. Акционер е Том Риџ, поранешниот гувернер на Пенсилванија и поранешен прв секретар за национална безбедност на САД како и многу инвестициски банки и фондови од Америка.
Значењето на овој проект за Македонија беше високо оценет од македонските истакнати економисти д-р. Зоран Јовановски и д-р. Љубомир Кекеновски, како и домашни банки и финансиски институции. Ревизорската институција КПМГ исто така даде позитивно мислење.
Проектот на СТП содржи и образовен центар во кој водечка улога има школата Тандерберд за глобален менаџмент при универзитетот на Аризона(АСУ), високо позициониран на шангајската листа.
Очигледно е дека станува збор за стратешка инвестиција која се базира на три столба; образовен центар, центар за Сајбербезбедност и софтвер (IOT – internet of Things), како и филмски, медиумски и музички студија.
Овој проект во Македонија доби поддршка од преку 20 универзитетски професори, како и видни имиња од уметноста во регионот. Од нашата земја, лично Џон Малкович и гувернерот Том Риџ јавно побараа да се реализира овој проект, но од владата и покрај начелното прифаќање на проектот сè уште нема одобрение тој да стане „Стратешка инвестиција“.
Погледнете го видеата:
Зошто владата не прифаќа развој на македонската економија и тоа преку инвестиција која доаѓа од земја која е наш стратешки партнер? – ова е прашањето кое си го поставуваат сите засегнати со случајов.