Стотици граѓани од населените места во близина на депонијата Дрисла денес протестираа пред влезот нај јавното претпријатие. Велат дека во депонијата не се работи според стандарди и оти постојано се трујат, а доказ за тоа се огромниот број на дијагностицирани од канцер и белодробни заболувања како последица од отровите кои ги испуштаат печките во депонијата.
„Во двете амбуланти кај нас едната амбуланта кажа дека од 100% пациенти што се пријавиле за три години, 68% биле пријавени за белодробни болести. Имале проблем со белодробни болести. Од 2020 до 2023 година, починале 9 луѓе од канцер а 12 се тешко заболени од канцер.“ – Вели демонстрантот Сених Браховик.
Оттаму додаваат дека ова се податоци само од една амбуланта, а голем дел од луѓето се обраќаат во разни клинки.
Демонстрантите велат дека не бараат дислоцирање на депонијата, туку соодветени филтри, печки и исполнување на европските стандарди, за да не ја загадува околината.
„Ние сме само за здрав живот, за здрава еколошка средина и за чист воздух, затоа ги молиме институциите да најдат разбирање, да се сретнеме, да поразговараме, да ни помогнат околу овој проблем и сакаме само едно, европска депонија со рециклажа, што ќе го рециклира отпадот.“ – Додава Браховик.
Градоначалничката Арсовска во февруари минатата година, го прогласи горењето на медицински отпад во скопската Депонија за минато, но, демонстрантите велат дека во Дрисла се уште се гори медицински отпад.
Од Алфа ТВ прашавме за став од јавното претпријатие Дрисла за денешниот протест, но, оттаму одговор не добивме. Жителите на околните населени места велат дека револтот кон Дрисла постои од поднамна, но кога и да се бунат, од претпријатието вработувале по еден член од семејството и со тоа ги замолчување. Овој пат се решени и порачуваат оти нема да застанат тука. Предупредуваат дека ако не наидат на слух од надлежните, ќе продолжат со протести и на други локации.