Мала провинција со големи амбиции, израсната во бугарски традиции, пее Устата. Тој додава дека „Георги Димитров и ја подари оваа земја на Југославија“. Ова не е земја, туку само територија, пее познатиот бугарски рапер Устата во неговата најнова песна посветена за Македонија, објави Плусинфо.
Рап пејачот Иван Динев, попознат по псевдонимот Устата, на својот фејсбук профил поставил можеби дел од својата нова песна посветена на Македонија, каде има околу 200 коментари и речиси 3.000 споделувања од неговите следбеници.
Во описот на видеото, Устата објаснува дека ова е „Лекција по македонска историја“.
Од неговиот рецитатив јасно се гледа дека за него Македонија не е држава, туку само територија.
– Мала провинција со големи амбиции, израсната во бугарски традиции – пее Устата. Тој додава дека „Георги Димитров и ја подари оваа земја на Југославија“.
Непосредно пред да ги нарече Македонците „злобни“, Иван Динев истакна дека македонскиот е бугарски дијалект.
Еве дел од провокативниот текст:
Сите дрвја имаат бугарски корени пред 1945 година.
Таа земја e подарок од Георги Димитров на Југославија.
Вашиот јазик е дури и моделиран – Македонскиот е бугарски дијалект.
Ауу, но колку сте злобни! Извинете што ни е незгодно.
Гоце Делчев го напишаа за свој, уживате да го крадете нашиот херој, а?
Вашиот крал бил Самуил – таратанци, а на оваа глупост се смеат и Албанците.