Се очекува бегалците од Авганистан да бидат сместени во воената база Бондстил во близина на Феризај, објави „Репортерс“.
Според претходните најави, Приштина ќе прими до 2.000 бегалци од Авганистан.
Авион слета во Приштина со првата група бегалци од Авганистан. На аеродромот „Адем Јашари“ беа пречекани од претседателот и премиерот на привремените институции во Приштина, Вјоса Османи и Албин Курти, како и американскиот амбасадор Филип Коснет.