Маж (32) пукал денеска во Ротердам на две локации. Набргу бил уапсен, а според полицијата загинале најмалку две лица. Осомничениот е студент на Медицинскиот центар на Универзитетот Еразмус. На две локации убиени се жена (39) и професор (42). 14-годишната ќерка на убиената е ранета и, според началникот на полицијата Фред Вестербеке, таа е во тешка состојба, јавува Би-би-си.
Холандската полиција соопшти дека го уапсила 32-годишниот осомничен откако најмалку три лица биле застрелани во престрелката.
Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот прво отворил оган во куќа или стан, при што повредил две лица, а потоа ја запалил зградата.
По пукањето во станот, пријавениот отишол во Медицинскиот центар Еразмус каде продолжил да пука.
На Твитер се појави наводна снимка од приведувањето на уапсениот напаѓач од припадници на холандските специјални сили. Како што јавија Би-Би-Си и локалните медиуми, холандската полиција верува дека во нападите бил вклучен само еден вооружен маж. Како што можете да се види на видеото, тој е со врзани очи.
#Rotterdam #ErasmusMC #Schietpartij Beelden van binnen in het EMC pic.twitter.com/IGPxYN2Jy4
— Dylano van Klaveren (@DylanOwner1) September 28, 2023
Според Би-Би-Си, наскоро се очекува конференција за медиуми на градоначалникот на Ротердам, полицијата и обвинителството. Полицијата претходно соопшти дека осомничениот бил на мотор, дека бил облечен во воена облека, дека имал црна коса, носел ранец, слушалки и пиштол.
Мотивот засега е непознат.