Вицепремиерот и минситер за транспорт, Александар Николоски се обрати при пуштањето на дел од автопатот Кичево – Охрид, поточно делот од Врбјани до Охрид.

Навистина е големо задоволство да ги видиме првите 20 километри во реалност. Не само граѓаните на овие населени места, туку на цела Македонија. Побрзо да се патува и до Тетово и до Гостивар, Скопје, да се поврзе Македонија со Албанија и секако да се отворат големите туристички центри Охрид и Струга за сите оние кои сакаат да ги посетуваат, рече Николоски.

Николоски рече дека овој автопат ќе остане симбол на неспособноста на СДСМ и ДУИ. Ова бил негов главен ангажман уште од првиот ден кога стапиле на позицијата.

Јас ќе бидам многу краток. За проблемите ќе зборувам кога ќе го завшриме целиот автопат. Ќе кажам две работи: Првата е дека ова беше симбол за неспособноста на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Ова беше заборавен и напуштен проект на којшто ниту имаше работници, ниту имаше инженери, ниту имаше машини. Ова е проект којшто е симбол и доказ за посветеноста и работата на оваа влада. Тоа е клучната разлика меѓу нас и нашите политички опоненти. Од првиот ден кога влеговме во Владата, мојот прв разговор со премиерот беше токму за овој проект. И најмногу време постветивме токму на овој проект. Ова е проектот којшто ја прави разликата. Ова позади мене е најдобриот доказ, рече Александар Николоски.

Николоски потсети дека славна Дебарца има многу историја, а отсега таа добива и автопат.

Второ, мислам дека е многу значајно, малку е симболично што првиот дел од патот го отвораме во славна Дебарца. Овде има многу историја, многу приказни, а сега има и автопат. Со среќа и да се гледаме за убави работи, се надевам за многу брзо и вториот дел на автопатот. На крајот на следната година и на целиот автопат, заклучи Николоски.

Погледнете го целиот негов говор во продолжение.