Тој момент го снимија телевизиските камери, а видеото покажува дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани продолжил да се моли и покрај експлозиите.

Портпарол на Министерството за внатрешни работи соопшти дека нема повредени.

Локалните медиуми објавија дека избувнале најмалку три експлозии.

Сè се случи околу 3.30 часот по локално време, а експлозиите се слушнаа низ целата добро обезбедена „зелена зона“ на Кабул, каде се наоѓа претседателската палата, како и неколку амбасади, вклучително и американската.