Секој ден, се потензична е ситуацијата на северот на Косово. Србите кои живеат во тој дел, го кренаа гласот и протестираа со огромно знаме. На 13-от ден откако ги поставија барикадите на северот, масовен протест и побараа од Приштина ослободување на тројцата уапсени сонародници, во што ги поддржа и српскиот претседател Александар Вучиќ.

На едночасовниот протест се собраа Срби од цело Косово со порака дека „никој не може да им го одземе Косово и Метохија бидејќи тоа е срцето на Србија“, јавија српските медиуми.

Насобраните протестираа против однесувањето на приштинските власи и побараа правда за уапсените сонародници. Србите развиорија национално знаме долго 250 метри, носејќи бројни транспаренти.