Според Милена Трајаноска – најуспешен дипломиран инженер, вештачката интелигенција не може целосно да го замени човекот.

Освен што е најуспешен дипломиран инженер и првенец на генерација, таа е и демонстратор на ФИНКИ, а вечерва гостува на Трилинг.

Имам одреден дел можност да влијаам што и како да се направи, од страна на професорите добивам слобода, а истото можам да го спроведам на моите предавања, започнува Трајаноска.

На прашањето „кои се најголеми аномалии“ во нашиот образовен систем, таа вели дека недостасува поголем ангажман од страна на учениците и студентите.

Се гледа да се заврши само што она е дадено како работа. Ние треба да се водиме да напредуваме, меѓутоа недостасува ангажман. Има дел од програмите кои се застарени, меѓутоа се работи на обновување на програмите, вели Трајаноска за Трилинг.

Таа објаснува која е разликата меѓу завршување курс и универзитетска диплома за програмери.

Трајаноска вели дека добила понуди од странство, а таа додава дека сака да работи за компании кои се од Македонија и дека сака да помогне за старт-ап бинзиси.

Освен ова, таа зборува и за вештачката интелигенција. Според неа, вештачката интелигенција не може целосно да го замени човекот.

Целото видео може да го погледнете во продолжение: