Пожарот на „Јасен“ повторно се активира, екипите на терен со силен ангажман

По првичната интервенција на вработените во Националниот парк „Јасен“, пожарот беше ставен под целосна контрола, а потоа и изгаснат, без знаци на горење. Контролата на изгаснатата линија потврди дека огнот е ликвидиран, но во текот на ноќта тој повторно се реактивирал.

Само еден активен пожар во државава

Воздушна и копнена поддршка

Рано утрово, екипите на „Јасен“ повторно излегоа на терен, гаснејќи го пожарот од земја каде што тоа беше возможно. Во акцијата се вклучија и два полициски хеликоптери со прецизно дејство, а нешто подоцна и два ер-трактора на Дирекцијата за заштита и спасување.

Тежок терен, ограничени ресурси

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека теренските услови не дозволуваат употреба на специјалните возила на службата. Се прават максимални напори пожарот да биде ставен под контрола во текот на денешниот ден.