Граѓаните побрзаа да наполнат гориво по одлуката на РКЕ

Колони возила се забележуваат на бензинските пумпи низ земјава по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за значително зголемување на цените на нафтените деривати. Граѓаните брзаат да наполнат гориво пред стапувањето на сила на новите цени од полноќ.

Големо поскапување на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи цената на бензините да се зголеми за 5 денари по литар, додека дизел горивото поскапува за 14,5 денари по литар.

Покачување има и кај другите нафтени деривати. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 12,50 денари по литар, а цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 денари по килограм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сакам да кажам (@sdkmk)

Нови цени од полноќ

Од 10 март 2026 година, од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 79,50 денари за литар

  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,50 денари за литар

  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 денари за литар

  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 82,50 денари за литар

  • Мазут М-1 НС – 42,586 денари за килограм

Причина за растот на цените

Зголемувањето на цените на горивата доаѓа како последица на берзанскиот раст на цената на нафтата, кој следува по воениот конфликт во Иран и зголемените тензии на Блискиот Исток.