Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски објави видео на кое се гледа колона од возила кои се упатуваат кон спортскиот центар „Јане Сандански“ каде вечерва ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг.
-Народот од Ѓорче Петров со масовно присуство на митингот во СЦ Јане Сандански праќа јасна порака !
На овие локални избори во Ѓорче Петров победува Александар Стојкоски во прв круг !
Победува Орце Ѓорѓиевски во Град Скопје во првиот круг.
ВМРО – ДПМНЕ предводена од Претседателот Христијан Мицкоски ќе биде убедлив и апсолутен победник, напиша Стојаноски.