Локалните жители ги пречекале покрај патиштата и автопатите за да учествуваат во традиционалниот обичај што беше откажан минатата година поради пандемијата на Ковид.
Обичајот воведен во 1994 година им дозволува на овчарите да ги следат традиционалните патишта од правец на северна Шпанија до јужните пасишта што им служат за зимско пасиште.
Пред неколку векови оваа рута минувала низ недопрена природа, но во меѓувреме на некои места никнале градови, меѓу кои и шпанската престолнина.
-Ова е прекрасно. Доаѓам секоја година, а оваа година за прв пат ги донесов деца на кои им е уште поинтересно, изјавила 39-годишната Грасиела Гонзалес.
Децата и возрасните, навикнати на вревата на градските улици, уживале да им се доближат на животните.
Тие со интерес ги гледаа стадата овци и го слушаа ѕвонењето на нивните ѕвона.Ги привлекуваа и овчарите облечени во народни носии кои ги придружуваат стадата со традиционална народна музика и оро.
-Понекогаш можеме да им пријдеме и да ги допреме, рече возбудено Кармен Иглесијас (8), која го следела минувањето на стадото со нејзиниот татко и помладата сестра Ноа (6).