Револтирана скопјанка пред камерата на Сител рече дека ќе оди во општина да се кара бидејќи не можела да си го оствари гласачкото право.

Прва бев на ред. Од 7 сум дојдена. Не е важен редот. Компјутерот бил расипан, таму не знам, не можело. Овде пишува од А до М, таму пишува од М до Ш. Јас сум на Ш, на Ш ме нема. Сега ќе одам во општина да видам што е и ќе се искарам таму. Ќе им кажам колку се неспособни, вели таа.