Ако вашата Влада работела чесно и квалитетно, денес вие требаше да направите да не можеме да дојдеме до збор ние. Да се фалите со реализираните проекти, а не вака да ве нема и да молчите, им порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на пратениците од власта во Собранието.

Денес се дебатира за завршната сметка на Буџетот за 2020-та година.

-Јасно ми е зошто е тоа така, затоа што овој документ е срам, доказ за неспособноста и арамилакот на вашата Влада. Овој извештај е доволен само да го прелистаат во Обвинителството и ќе имаат многу што да испорачаат до судовите, многу кривични пријави. Ова е само потврда дека Владата на СДСМ и ДУИ работи недомаќински, нечесно и е неспособна да го реализира ветеното пред граѓаните. Овој извештај за 2020-та година колку и како сте сработиле беше на изгласување пред граѓаните на локалните избори во 2021-ва година и видовте, таму не помина, рече пратеникот.

Целиот говор на Ристески од Собранието, слушнете го во продолжение: