Утрово поранешниот преседател на Советот на општина Карпош од редовите на Левица, Бранко Ристов гостуваше во Радио Лидер.

Прво луѓе почнаа да летаат во облаци кога беа протестите против францускиот предлог. Тогаш рејтингот на Левица порасна, започнува Ристов.

Ристов вели дека му е нејасно зошто по протестите за „францускиот предлог“ од Левица почна многу да се напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, но не и СДСМ.

Во време на протестите Левица го форсираше наративот и тоа беше наративот и ВМРО-ДПМНЕ не можеа да направат чекор назад токму заради нас. После тоа, кога во Левица видоа пораст на рејтинг не знам дали свесно или несвесно настапија со реторика само да се критикува ВМРО-ДПМНЕ. Не знам зошто само се критикува ВМРО-ДПМНЕ. Кога поминува тоа, се врти страница. Они веќе не се опоненти.

Раководството на Левица според Ристов не покажало зрелост.

Се покажа незрелост во раководството. ВМРО-ДПМНЕ факт е дека беа фокусирани да не плукаат повеќе нас отколку Левица. Во Карпош е исто. СДСМ си седат, ние со ВМРО-ДПМНЕ се расправаме за политики. Две години така беше. Левица ќе добиеше поголема поддршка ако ги напаѓаше СДСМ и ДУИ, а помалку ВМРО-ДПМНЕ. Требаше да се прифати понудата на Мицкоски да не се плукаат со Левица меѓусебно, вели тој.

Поранешниот претседател на советот на Карпош од Левица вели дека партијата премногу се водела од лајкови и пи-ар.

Партијата се водеше премногу од пи-ар и лајкови. Тоа значеше да се расправаме со сите. Јас повеќе сакам компромиси правење. Со сите да се расправаш некое време е океј, но целата таа работа се водеше дека така сме добивале поени кога се расправаме со ВМРО-ДПМНЕ, заклучува Ристов.