Второто место му припадна на возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, а на третото место возачот на Дукати, Џек Милер.
Шампионот од минатата сезона и возач на Сузуки, Жоан Мир, низ целта мина четврти, а новиот шампион Фабио Квартараро од Јамаха ја заврши трката петти.
Легендарниот 42-годишен италијански возач Валентино Роси го освои 10-тото место на неговата последна трка во кариерата.
Во текот на кариерата популарниот „Доктор“ освои шест титули во Мото ГП, последната во 2009 година со Јамаха, како и една светска титула во категориите за мотори од 500, 250 и 125 кубика.
Следната сезона Роси ќе биде генерален менаџер на својот тим VR46, во Мото ГП шампионатот.
Квартараро во генералниот пласман освои вкупно 278 бода, втор беше Бањаја со 252, а трет Мир со 208 бода.