На социјалните мрежи се споделуваат и видеа како уплашени жители на Ростов на Дон по неколкуте истрели и експлозии по влегувањето на платеничката група „Вагнер“ панично бегаат.

Во штабот на Јужниот воен округ во Ростов на Дон, кој бил опколен од борците на групата Вагнер, се слушнала силна експлозија.

Очевидци јавуваат и за неколку истрели во воздух од автоматско оружје.

Но, од друга страна на социјалните мрежи се споделуваат и видеа како локалното население во областите каде се влезени платениците на групата Вагнер ги пречекува платениците љубезно давајќи им бесплатна храна и вода.

„Цивилите во Ростов на војниците на Вагнер им носат храна и вода.Изгледа дека се уморни од режимот на Путин“, стои во објавата.

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин пак изјави дека неговите борци ја презеле контролата врз штабот на Јужниот воен округ на Русија во Ростов на Дон без испукан куршум.

Од друга страна, тој тврди дека врз неговите луѓе било пукано од артилерија и хеликоптери на патот кон Ростов. Пригожин во аудио пораката изјави оти верува дека има поддршка од рускиот народ за, како што го нарече „маршот на правдата“.