Сателитските снимки направени од 1 до 3 август покажуваат драматично намалување на водостојот на Лоара, По, Рајна и Дунав. На делови од реките се појавиле големи песочни и чакалести спрудови што претходно биле целосно под вода, што укажува на сериозните последици од долготрајната суша и високите температури во Европа.

На снимките се прикажани Лоара кај Сомир во Франција, По кај Кремона во Италија, Рајна кај Бопард во Германија и Дунав кај Пакш во Унгарија. Нискиот водостој веќе го отежнува речниот сообраќај и го нарушува транспортот на стоки на сите четири реки.

Кај Рајна, намаленото ниво создава проблеми во снабдувањето на делови од централна Европа. На Дунав, пак, нискиот водостој го доведува во прашање работењето на унгарската нуклеарна централа „Пакш“, чии реактори користат речна вода за ладење.

Во Италија, падот на водостојот на реката По се одразува врз системите за наводнување, производството на електрична енергија и снабдувањето со вода за пиење. Намалениот водостој на Лоара дополнително ја влошува хидролошката состојба во западниот дел на Европа.

Експертите предупредуваат дека високите температури и недостигот од врнежи продолжуваат да го намалуваат нивото на Дунав, со што се загрозени пловидбата, водоснабдувањето и речните екосистеми.

На делницата од Бездан до Богоево се измерени најниските водостои на Дунав во последните 50 години. Поради тоа се откажани повеќе патнички и товарни пловидби

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CopernicusEU (@copernicus_eu)