Општински работници од Куманово се напомош во Кочани каде што се прошируваат гробиштата и се прават нови гробни места за жрвтите од трагедијата во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ројтерс објави видео-репортажа и интервјуираше еден од работниците.
Во Кочани е планиран колективен погреб за жртвите. Во меѓувреме, Институтот за судска медицина во Скопје врши обдукција и ДНК анализа на телата за да може семејствата да ги препознаат своите најблиски за да ги погребаат.
Не е познато кога ќе заврши процесот на обдукција и идентификација.
Во пожарот во клубот „Пулс“ загинаа најмалку 59 лица, додека повеќе од 150 лица се хоспитализирани.
Извор: Плусинфо