Несреќа веднаш по полетувањето во Ахмедабад
Трагедија го потресе индискиот град Ахмедабад, откако патнички авион на авиокомпанијата „Ер Индија“ се сруши само неколку минути по полетувањето од локалниот аеродром. Несреќата се случила во четвртокот, на 12 јуни, а според првичните информации, во авионот се наоѓале 242 патници.
Авионот од типот Боинг 787-8 Дримлајнер, кој оперирал како лет AI 171, достигнал височина од едвај 625 стапки пред да започне нагло да се спушта и целосно да исчезне од радарот. Се урнал во населена зона веднаш надвор од аеродромската зона, во областа Мегхани Негар, предизвикувајќи силна експлозија, пожар и густ чад.
Погледнете го видеото од катастрофалната несреќа.
@gbnews Video footage has shown the moment a London-bound flight crashes in Northern India. The flight was reportedly headed to London Gatwick from the city of Ahmedabad, with at least 240 people believed to be on board. #BreakingNews #Breaking #AirIndia #WorldNews #GBNews ♬ original sound – GB News
Интервенирале итни служби, бројот на жртви непознат
На местото на несреќата веднаш излегле најмалку седум противпожарни возила, амбулантни екипи и припадници на полицијата. Сепак, засега не се соопштени официјални податоци за бројот на жртви или повредени, ниту пак се потврдени информации за евентуални преживеани. Министерот за цивилно воздухопловство на Индија изрази „шок и разочарување“ и најави дека сите релевантни служби се веќе мобилизирани.
Историја на слични несреќи
Оваа катастрофа повторно ја враќа во меморијата трагедијата од 1988 година, кога авион на индиска компанија при слетување во истиот град – Ахмедабад – се сруши поради пилотска грешка и лоши временски услови, при што загинаа 133 луѓе.
Во 2010 година, „Ер Индиjа Експрес“ исто така се соочи со катастрофа кога авион Боинг 737-800 се урна при слетување во Мангалиор, при што загинаа 158 лица, поради несоодветна процедура за слетување и надминување на крајот од пистата.
Потенцијални причини за падот
Воздушните несреќи во првите моменти од летот често се резултат на технички дефекти, како откажување на мотори или хидраулични системи, кои се критични при ниски височини. Човечкиот фактор исто така игра значајна улога – особено при нестабилен пристап, неправилна комуникација или грешки во пилотирање.
Други ризици се јавуваат поради архитектонски дизајн на пистите, недоволна видливост, силни ветрови и неадекватен надзор на аеродромските системи. Тоа дополнително ја усложнува безбедноста во авијацијата.
Пред само неколку месеци имаше пад на авион во Казахстан. Ваквите авионски несреќи одново ги отвораат прашањата за безбедноста за авиосообраќајот и потенцијалните дополнителни работи за претпазливост.
Безбедносни импликации за Боинг 787
Оваа несреќа може да има сериозни последици и за самиот модел на авион. Боинг 787, иако претставува еден од најсовремените авиони, во Индија веќе се најде под лупа. По последниот инцидент можно е временско суспендирање на употребата на овие авиони додека трае истрагата.