Лука и Калин, двајцата млади учесници во квизот „Листа за 300“ на Сител ТВ, одбија да кажат „Северна Македонија“ и изгубија пари.
Во моментот кога требаше да набројат неколку земји кои ја содржат буквата „С“, наведоа 32. И им недостигаше уште една. Сепак, не го кажаа новото име на нашата земја – Северна Македонија, како што се очекуваше. Водителот отпосле им вика дека победа можеле да однесат ако кажеле Северна Македонија. “А, тоа не го кажуваме“, рекоа Лука и Калин.
Бура од реакции на социјалните мрежи предизвика овој момент од квизот.
– Браво, вака се сака и брани Македонија, гласи еден коментар.
