Скандал во Кичево: Објавени снимки на профилот „Ел Чека“

Општина Кичево е во центарот на скандал, откако на социјалната мрежа Фејсбук се појавија аудио снимки објавени од профил со името „Ел Чека“. Според објавите, на снимките наводно се слуша актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, во разговор со вработена во општината, за која се претпоставува дека е дел од неговиот кабинет.

Од профилот се тврди дека гласот на Дехари ја повикува жената да дојде кај него, ѝ зборува со интимен тон и ѝ упатува зборови со сексуални конотации. Во позадина, според описот, се слуша нешто што наликува на бакнеж.

Експлицитен разговор и навредливи зборови

Во описот на видеото се наведува дека градоначалникот ја пречекува својата вработена во канцеларија, почнува да ја допира, по што следува бакнување. „Девојките кои работат во општината треба да го прашаат градоначалникот пред да си одат, но тој не ги прашува – директно ги бакнува“, стои во објавата.

Во дел од разговорот што се цитира, наводно се слуша како Дехари ѝ вели: „Дојди мори жено на бившиот директор. Влези еднаш со овој стил. Кога ќе ми се вратиш на работа? Во вторник следната недела? Мрдни ајде, не се криви сега. Направи некое движење. Свиња таа“.

Погледнете го видеото.

Реакции за недолично однесување

Според објавеното, видеото е снимено во работно време, во општинската зграда во канцеларијата на градоначалникот. Во описот се наведува дека „кичевскиот Дон Жуан, благодарение на своето богатство и власт, успеал да прави вакви недолични постапки во општинската зграда“.

Ова однесување кон вработените, како што стои во објавата, е оценето како целосно неприфатливо и недозволиво.