Вилијам Шатнер се расплака по патувањето во вселената и му откри на Џеф Безос што најмногу го фасцинирало за време на патувањето.

“Ми дадовте неверојатно искуство. Преполн сум со емоции поради она што се случи. Се надевам дека никогаш нема да се опоравам од ова. Се надевам дека ќе можам да го задржам она што го чувствувам сега. Не сакам да го изгубам, “му рече низ солзи на Џеф Безос, основач на Blue Origin.

“Многу е поголем од мене и животот. Тоа нема никаква врска со малите зелени луѓе … Тоа има врска со големината и брзината и ненадејноста на животот и смртта”, додаде 90-годишникот познат по својата улога како капетан Кирк во „Ѕвездени патеки“.

Тој рече дека најмногу бил фасциниран и зачуден од „тенката линија на атмосферата на Земјата“. “Погледнете ја убавината на таа боја. И таа е толку тенка. И минувате низ неа во еден момент. Одеднаш, поминавте низ сино и стана црно”, се сеќава тој.

“Гледаш во црно, во црна грдотија. И гледаш надолу – таму е сино, а таму црно. Тука е Мајката Земја и утеха, а во својата глава размислуваш – има ли смрт? Не знам. Дали е тоа смрт? Дали изгледа како смрт?Беше толку трогателно ова искуство”, повторил тој.