Германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата со претседателот на владата на Македонија Димитар Ковачевски во Берлин изјавил дека не треба да има нови услови од Бугарија, а не дека гарантира дека нема да има нови услови за Северна Македонија.

Со вакво соопштение излезе и СДСМ утрово тврдејќи дека Шолц дал гаранции дека нема да има нови услови од Бугарија.

Сепак, доколку се анализира неговата изјава дадена на германски јазик ќе се утврди дека таа е погрешно преведена, намерно или не, останува нејасно.

„Не, тоа е јасно договорено. Треба да биде редовен пристапен процес согласно постапките на ЕУ и не треба да дојдат други кои се однесуваат на билатералните односи. Тоа е мојот став“, рече Шолц.

„Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, а тоа особено важи за Северна Македонија“, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференција во Берлин пред билатералната средба со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Целото видео кое го објави „Дојче Веле“ можете да го погледнете ТУКА.

Според ова јасно се гледа дека медиумите и матичната партија на Ковачевски уште еднаш сакаат да извршат манипулација со јаснота.