Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси беше двоен стрелец ноќеска во Форт Лодердејл на натпреварот од 2. коло од Лига купот против Атланта (4:0). Триесет и шестгодишниот Аргентинец постигна гол против 100 различни клубови во својата кариера.

Претседателот на Интер Мајами и ко-сопственик Хорхе Мас верува дека доаѓањето на Меси ќе има големо влијание врз фудбалот во САД.

-Фудбалот во САД ќе биде поделен на пред и по доаѓањето на Меси, изјави Мас.

Меси дојде во Интер Мајами на 15 јули, приклучувајќи се на слободен трансфер од ПСЖ. Договорот на напаѓачот е пресметан до крајот на декември 2025 година.