Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени

 

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени. Трагичната несреќа се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседната пруга.

Несреќата се случила вчера околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој превезувал 317 патници на линијата Малага-Мадрид, излетале од шините на влезот во Адамуз. Вагоните преминале на соседната пруга, на која во тој момент минувал возот Ренфе од Мадрид до Хуелва во спротивна насока, со брзина од околу 200 км/ч, што, исто така, предизвикало и негово излетување од шините.

 

Возот Ирјо бил произведен во 2022 година, и последен пат бил проверен на 15 јануари. Несреќата се случила на рамен дел од пругата, што го потврди и министерот за транспорт Оскар Пуенте.

Спасувачките операции за жртвите од железничката несреќа сè уште се во тек.