Огнот се прошири од шумата до куќите, зградите, автомобилите, а градоначалникот Јан Полдерман рече дека „целиот град гори“.

Снимките што се појавија од овој град покажуваат како огнот уништува сè пред себе во малото гратче со 250 жители.

Силниот ветер, кој достигна брзина поголема од 70 километри на час, го донесе огнот од шумските пожари во самата населба.

-Страшно е. Гори целиот град. „Само 15 минути откако се појави првиот чад, пожарот беше насекаде, изјави Полдерман за СИ-БИ-СИ

Литон се наоѓа на 260 километри од Ванкувер, во Британска Колумбија, кој заедно со соседните делови на Канада и САД беше погоден од екстремно високи температури, кои убија стотици луѓе.