Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови, соопшти ЈСП Скопје.
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.
Апелираме до граѓаните за разбирање.
Освен жичницата, на социјалните мрежи се шират видеа од силниот ветер во Скопје. Погледнете повеќе од видеото во продолжение:
