Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погодил југот на Кина.

Земјотресот бил регистриран во округот Јангби во провинцијата Јунан на југозападот на Кина, се наведува во соопштението на Кинескиот центар за земјотреси.

Во земјотресот во провинцијата Јунан загинало едно, а шест лица биле повредени, јавува Кинеската централна телевизија.

На снимките може да се види како луѓето во паника бегаат од една продавница.

Оваа област инаку е позната како трусно подрачје. Во текот на минатата година бил регистриран потрес со јачина од пет степени според Рихтер, при што загинале четири лица, додека 23 биле повредени, покажуваат податоците на кинескиот центар за земјотреси.