Спасувачи извлекуваат дете од урнатини предозвикани од силниот земјотрес во Тајван. Најмалку 4 лица се загинати, а повеќе десетици лица се повредени. Се стравува дека голем број на луѓе останал под урнатините. Со 7,4 степени по Рихтер, ова е најсилен земјотрес во Тајван во овој милениум.

Според првичните информации, земјотресот се случил околу 8 часот по локално време, а епицентарот бил на околу 25 километри од округот Хуалиен во источниот дел на островот, пренесува „Гардијан“.

Потресот бил со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала и бил почувствуван на целиот остров и поширокиот регион.

Според тајванските сеизмолошки служби станува збор за најсилниот земјотрес што го погодил Тајван во последните 25 години, кој предизвикал уривање на згради и лизгање на земјиштето.

Регистрирани се најмалку две згради кои се делумно урнати од потресот во Хуалиен, најблискиот град до епицентарот на земјотресот, кои како што се гледа на снимките од местата се потпрени под несигурни агли.

Повеќе околни држави во Кинеското и Јужното Море вклучија аларм за можно цунами.