Страшен земјотрес го погоди југот на Турција рано утринава околу три часот по локално време, кој зад себе остави пустош, мртви, повредени и голем број од оние кои останаа затрупани под купот урнатини и бетон.

Епицентарот, како што е соопштено, се случил на 3 километри од градот Газинтепе на длабочина од 10 километри. Првиот земјотрес бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а следниот што следеше час, час и половина подоцна бил со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

Како што снимаа луѓето кои случајно се најдоа на улица со камерите на телефонот, прво се слушнал силен татнеж, а потоа се почнало да се тресе и да се урива, зградите паѓале исто како кули од карти.

Првите прелиминарни податоци покажуваат дека само на југот на Турција се уништени или урнати 130 згради. Колапс на згради е евидентиран и во Шрија, но засега нема детални информации за тоа.

Кога осамна утрото, обемот на уништувањето предизвикан од земјотресот на југот на Турција беше прикажан како ужасни слики, како да е апокалипса по бомбардирање. Во некои градови, цели згради се срамнети со земја.

Освен Газинтеп, најлошо настрада и градот Искендерум, каде што буквално беа урнати и срамнети со земја повеќето згради. Има информации дека пожарникарите и спасувачите не можат да стигнат на секое место бидејќи се урнати голем број згради и објекти. Се стравува дека бројот на жртвите ќе се мери во илјадници.

Третиот град кој претрпе страшни разурнувања во двата силни земјотреси на југот на Турција е Кахраманмарас. Утрото, по два силни удари, зградите изгледаа како градот да претрпел страшни разурнувања во ноќното бомбардирање.

Турските власти упатија официјален апел до светската јавност дека на земјата ѝ е потребна сета помош, пред сè од медицински лица и спасувачи, за да им се помогне на настраданите на југот на Турција и да се зголемат шансите повредените и преживеаните да бидат спасени од купот бетон.

 

Во разорниот земјотрес што рано утринава ја погоди пограничната област меѓу Турција и Сирија, повеќе од 230 луѓе загинаа во Сирија, а повеќе од 600 се повредени, изјави помошникот сириски министер за здравство, Ахмед Дамирие.

Тој на сириската државна телевизија изјави дека бројот на загинати се искачил на 237, а повредени се 639 лица, пренесува „Ројтерс“.

 

Претходно беше соопштено дека во Турција, каде што бил епицентарот на земјотресот, загинале 76 лица, а повеќе од 400 се повредени.