Освен Велес, попладнево силно невреме ја зафати и Крива Паланка.

Од ЦУК посочуваат дека од силниот пороен дожд кој во попладневните часови ја зафати територијата на општина Крива Паланка надојдена е реката Латковица кај с. Огут. Од надојдената буица-вода кај пропустите на патот прекинат е сообраќајот на регионалниот патен правец с.Огут кон с. Нерав. Регионалниот пат води кон граница со Република Србија.

За настанот веднаш се известени Градоначалникот на Општина Кррива Паланка како и Раководителот на Македонија пат Подружница Крива Паланка.