Сите патишта во државата се проодни и покрај обилните снежни врнежи, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој посочи дека е извршена теренска посета на екипите на Македонија пат, кои успешно се справуваат со снежните врнежи што ја зафатија земјава. Николоски упати благодарност до посветените работници за нивниот ангажман на терен. Воедно, апелираше до возачите да ги почитуваат правилата и прописите за безбедно движење во зимски услови.

Николоски со видео обраќање се огласи од превојот Стража, а информираше дека претходно бил и на планинскиот превој Пресека. Неговото обраќање погледнете го целосно во продолжение: