Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, вечерта што требаше да биде посветена на музиката и забавата, заврши со тензија и бурни реакции. Концертот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, кој привлече голем број посетители, прерасна во вистински инцидент по нејзиниот потег што изненади многумина.
Според очевидци, во еден момент од настапот, пејачката развила бугарско знаме, што предизвикало остри реакции меѓу публиката. Присутните веднаш почнале да ја исвиркуваат, а дел од гледачите револтирано ја напуштиле салата.
Настанот доби силен политички призвук и веднаш предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, каде што корисниците жестоко коментираа за потегот на Цеца и атмосферата во салата која, наместо весела, стана напната и поделена.
СКАНДАЛ во Велес: Цеца го разви бугарското знаме pic.twitter.com/EIR8rFAkEK
— Булевар.мк (@bulevarmk) October 31, 2025
View this post on Instagram
Извор: newz24live
