Денеска во ЈП Водовод и канализација – Скопје, по налог на директорот, Драган Илиевски физички ги спречил членовите на УО на претпријатието, да одржат седница, која била навремено закажана и бил известен директорот за истата, при што била повикана и полиција, од страна на Претседателот на УО, објавува Курир.
Директорот на скопски Водовод, Илиевски веќе вторпат не му дозволува на УО, да ги одржуваат седниците во салата за состаноци, каде тие се одржуваат со години, односно од отварањето на новата управна зграда.
ВОДОВОД СКАНДАЛ!!! pic.twitter.com/ydD2sU8KVi
— Курир (@KurirMK) November 3, 2023
Денеска исто така претходно и членовите на Надзорниот Одбор биле спречени, да ја користат салата, па седницата ја одржале во ходниците на управната зграда на Водовод.