Поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ потврди дека во неговиот кабинет се разговарало за темата поврзана со враќањето на поранешниот премиер Никола Груевски. Според објавеното, Пендаровски зборувал и за аудио-снимка од средба на државно-политичкиот врв, на која присуствувале и амбасадорите на САД и на ЕУ.

Ова го дискутиравме и во емисијата „Утринско еспресо на Радио Лидер“.

Тој објаснил дека снимката, според него, не може да се третира како шпионска афера, туку дека станувало збор за вработен во неговиот кабинет кој без дозвола снимил делови од состанокот. Пендаровски навел дека лицето било поврзано со т.н. „огнена група“ и дека снимени биле делови од излагањето на Али Ахмети за партиско-политичка употреба. Овие наводи повторно ја отвораат темата за тоа дали и како се разговарало за можноста Груевски да се врати во Македонија.

За случајот претходно пишуваше и „Фокус“, кој објави дека станувало збор за тајна средба во претседателската вила на Водно. Интервјуто на Пендаровски предизвика нови реакции, бидејќи првпат јавно се потврдува дека во неговиот кабинет се разговарало за оваа чувствителна политичка тема.