Општина Кисела Вода интензивно работи на изградбата на новото рекреативно и туристичко место „Покрсти“. Се очекува ова место наскоро да прерасне во омилена дестинација за љубителите на природата и рекреацијата од цело Скопје.

-Сместена во зелена околина, со чист планински воздух и поглед над цело Драчево и околината, локацијата „Покрсти“ го добива свој нов лик. Веќе е изградена асфалтирана рекреативна патека, а во тек се активностите за уредување на плоштад, велосипедски патеки и поставување на урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци и други содржини кои ќе овозможат пријатен престој за сите посетители – информираат од Општина Кисела Вода.

Погледнете го видеото. „Покрсти“ доживеа целосна трансформација.

Локацијата има и традиционално значење. Токму по патеката секоја година се движат стотици верници на вториот ден по Велигден.

Од локалната самоуправа велат дека со реконструкцијата, патеката која се протега во должина од над осум километри ќе стане уреден простор за пешачење и велосипедизам, со што ќе се подигне и нејзината функционалност преку целата година.

Оттаму објаснуваат дека овој проект е дел од пошироката стратегија за развој на спортско-рекреативни капацитети, заштита на животната средина и поттикнување на домашниот туризам.

– „Покрсти“ е место со духовно значење, со природна убавина и огромен потенцијал. Сакаме да го вратиме сјајот на оваа локација и да го направиме достапно и пријатно за сите – за спортисти, семејства, туристи, рекреативци. Верувам дека „Покрсти“ ќе стане вистинска атракција за нашата општина и за целиот град- изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Кисела Вода доби многу проект под мандат на Ѓорѓиевски. Населеното место Драчево, во чија близина се наоѓа и оваа патека доби крст по кој стана препознатливо.

Осветен крстот во Драчево, втор по големина во државата

Извор: Вечер